· Сакам да научам примена на компјутерски вештини на моето работно место
· Сакам да научам да правам и тестирам апликации
· Знам да програмирам, сакам да ги продлабочам своите знаења
Обуките се отворени за сите заинтересирани кандидати кои сакаат квалификација, доквалификација и преквалификација без разлика на нивната возраст.
Обуките се понудени и за кандидатите кои ќе бидат пријавени и избрани на порталот за услуги на Владата како корисници на ваучер за дигитални вештини согласно уредбата на Владата.
Местата за секоја обука се ограничени!
Доколку имате од 18 до 29 години и имате желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување искористете го ваучерот за обуки понуден од страна на Владата на РСМ за дигитални вештини на ФИНКИ*.
*Доколку сте државјани на Република Северна Македонија и спаѓате во категорија на млади лица со најмалку завршено средно образование, но не постари од 29 години заклучно со 13 јуни 2020 год. може да аплицирате за ваучерот за дигитални обуки. Повеќе информации за добивање на ваучерот може да најдете на сајтот на МИОА или на следниот линк.
Изберете некоја од обуките за личен развој, промена на кариерата или усовршување со пополнување на следната форма. Пријавувањето за некоја од обуките на ФИНКИ ќе се одвива електронски до 1 септември 2020 год.
ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.
Живееме во дигитална ера. Начиниот на кој што функционира денешницата промени многу нешта во поглед на достапноста до информациите, нивното восприемање и претставување. Тоа го промени и начниот на размислување и потребата за надградување на сопствените дигитални вештини. Дигиталните вештини се присутни во секоја област (едукација, медицина, земјоделство, архитектура, наука, трговија, инженеринг, спорт, …) и претставуваат појдовна точка за стекнување на дигитална писменост која е неопходна за полесно вработување и напредок во кареиерата.
Доколку имате од 18 до 29 години и имате желба за стекнување на основни компјутерски вештини, стручно или професионално усовршување искористете го ваучерот за обуки понуден од страна на Владата на РСМ за дигитални вештини на ФИНКИ. Пријавувањето за ваучер од обуките ќе се одвива до 1 август 2020 год. Доколку ги исполнувате условите, може да аплицирате за ваучерот за дигитални обуки. Повеќе информации за добивање на ваучерот може да најдете на сајтот на МИОА или на следниот линк.
Следете го упатството на МИОА за да добиете ваучер. При изборот на ваучерот морате да ја изберете обуката за која ќе се пријавите на ФИНКИ. Ваучерите неможе да се менуваат, ниту да се пренесуваат на друго лице.
Потоа изберете некоја од обуките за личен развој, промена на кариерата или усовршување со пополнување на следната форма.
ФИНКИ ќе ве контактира на вашата e-mail адреса и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.