ОБУКИ ЗА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ

Обуките за стручни вештини на ФИНКИ се наменети за луѓе кои сакаат да се стекнат со компјутерски вештини и да започнат кариера во IT секторот.

Обуките се со траење од 7 месеци кои вклучуваат 6 месечни интензивни, практични предавања и еден месец за полагање на испитот за сертификат.

Првите четири месеци предавањата се со интензитет од 4 дена во неделата по 4 часа практична настава, а потоа уште два месеци со интензитет од 2 дена во неделата со по 4 часа практична настава.

За време на обуките, обучувачите им се достапни на кандидатите по емаил за било какви прашања поврзани со обуките. Исто така, ФИНКИ има посебна служба која што ќе се грижи за техничките и административните аспекти на обуките со цел кандидатите на време да бидат услужени и на време да ги добиваат сите информации.

Со положување на завршниот испит, кандидатот се стекнува со сертификат издаден од ФИНКИ за успешно завршена и положена обука. Со редовната посетеност на обуките, кандидатот се стекнува со сертификат за успешно учество на обуката.

Содржини на обуките

Обука за Бази и анализа на податоци
Обуката започнува со основите на компјутерската писменост и програмирањето, а потоа продолжува во една од две можни насоки по ваш избор:
Одберете Програмирање со бази на податоци, доколку сакате да научите како да дизајнирате и одржувате бази и складишта на податоци, како и да креирате извештаи и визуелизации врз основа на податоците.
Одберете Анализа на податоци, доколку сакате да ги користите современите Data Science алгоритми и методи за да правите покомплексни анализи, визуелизација и да тренирате модели за предвидување.

Времетраење

Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

Цена

89600 МКД

На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

Аплицирај

Обука за Веб развој
На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето. Потоа во зависност од вашата амбиција, можете да се одлучите за еден од шесте понудени модули:

  • Е-комерција, доколку сакате да ги научите методите и алатките за да развиете ваш бизнис преку интернет
  • Веб дизајн и фронт-енд развој, доколку сакате да научите како да дизајнирате и програмирате прекрасни веб сајтови за вас и за вашите клиенти или работодавци
  • Веб програмер JAVA, доколку сакате да научите да развивате целосни веб решенија со програмскиот јазик JAVA
  • Веб програмер Django, доколку сакате да научите да развивате целосни веб решенија со програмскиот јазик Python
  • Веб програмер PHP , доколку сакате да научите да развивате целосни веб решенија со програмскиот јазик PHP
  • Веб програмер .NET , доколку сакате да научите да развивате целосни веб решенија со програмскиот јазик C#
  • Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Обука за Графика и анимација
    На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето, а потоа ќе навлезете во тајните на компјутерската графика и анимација.

    Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Обука за Квалитет на софтвер (QA)
    На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето, а потоа ќе научите сѐ што треба да знаете за тестирање на софтвер.

    Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Обука за Мобилни апликации
    На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето, а потоа ќе научите да развивате мултиплатформски мобилни апликации, развивајќи еден код за сите платформи или апликации за iOS уредите кои претставуваат едни од најпрестижните мобилни уреди во светот.

    Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 180 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Обука за Програмирање на IoT системи
    На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето. Потоа ќе ги научите тајните на Интернетот на нештата и ќе дојдете чекор поблизу до целосна автоматизација на вашиот дом.

    Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Обука за Систем администрација, безбедност и мрежи
    На почетокот ќе се стекнете со основна компјутерска писменост и ќе ги научите основите на програмирањето. Потоа може да изберете една од трите насоки: Дев опс, Систем администрација или Мрежи и безбедност.

    Времетраење

    Вкупното времетраење на обуката изнесува 210 дена.

    Цена

    89600 МКД

    На линкот можете да ја погледнете содржината на обуката

    Аплицирај

    Напомена: ФИНКИ го задржува правото на делумна промена на содржините на обуките.